(ВИДЕО) НОВ ЖЕСТОК УДАР НА СИРИЈА: Силни експлозии предизвикаа земјотрес-има жртви
Објавено во: Свет 30 Април, 2018
Сириската војска соопшти дека синоќа ракети погодиле неколку воени бази во провинциите Хама и Алепо.
Иранската агенција Исна објавила дека се убиени најмалку 40 луѓе и 60 се повредени, нагласувајќи дека меѓу жртвите има и 18 Иранци.
Според тврдења на официјални сириски медиуми, ракетите стигнале од британски и американски бази во северниот дел на Јордан и дека се испалени вкупно девет проектили.
Локалните медиуми потенцираат дека експлозиите биле толку силни што предизвикале потрес силен од 2,6 единици по Рихтер.
Засега нема официјална бројка на загинатите, но Скај њуз Арабија јавува дека има повеќе од 40 жртви.