(ВИДЕО) НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Ученици симулираа создавање на Голема Албанија
Објавено во: Балкан 01 Мај, 2019
Се појави снимка на која се гледа како ученици изведуваат перформанс на создавање на Голема Албанија.
Видеото вчера е објавено на социјалните мрежи.
Момче ги држи на картон исечени границите на Албанија, а потоа му се придружуваат деца кои ги додаваат, делови од Грција, западниот дел од Македонија, Косово, истокот на Црна Гора, југот на Србија и Косово.
На тој начин прават мапа на таканаречена Голема Албанија.
За дел од луѓето кои го виделе ова видео, чинот е провокација, а други на шега прашуваат каде е Швајцарија во границите на таканаречената Голема Албанија. Бараат светските организации да реагираат за злоупотреба на деца во политички цели.