(ВИДЕО) Охриѓанец го сними замрзнато Охридското езеро под вода
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017
Љупчо Стојковски од Охрид со подводна камера ја снимил убавината под мразот во Охридското езеро.
Ова видео охриѓанецот го споделил на Јутјуб. Деновиве Македонија се соочува со многу ниски температури, а освен Охридското замрзнаа и делови од Дојранското езеро. И во Струга делови од Охридското езеро деновиве без под мраз. Ваква појава одамна не е забележана во Македонија. Нови врнежи од снег ќе имаме во петок. Најниската температура измерена овој јануари беше -28 степени во Берово.