(ВИДЕО) ОВА Е МОЖНО САМО НА БАЛКАНОТ: Сметот од реката пак во реката
Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2019
Обилните дождови
кои ја зафатија соседна Србија во некои делови од земјата направија
поплави. Реките го зголемија нивото на
вода во своите речни корита. Многу луѓе
беа евакуирани од нивните домови во јужниот дел од земјата. Повторно слики и
видеа од граѓани кои се борат со водата околу себе.
Едно од тие видеа масовно се споделува низ интернет. На снимката се гледа како багер го црпи насобраното ѓубре од надојдената река од едната страна на мостот и го фрла повторно во истата река од другата страна на мостот, а силната струја на водата го носи сметот со себе.
Видеото наиде на многу лоши коментари од целиот свет. Многумина низ коментари прашуваат зошто ѓубрето не било собрано во камион , а се враќа повторно во реката.Фото и Видео Фејсбук