(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСКАПИОТ ВОЗ НА СВЕТОТ: Билетот чини 7.700 евра
Објавено во: Свет 05 Мај, 2017
„Шики шима“ е новиот воз кој неодамна го пуштија во употреба Јапонците.
Тој е во функција од 1 април, а неговото име во превод значи „Остров на четири годишни врeмиња“.
Тој се движи со брзина од 110 км на час, а билетот чини 7.700 евра.
Овој воз освен со брзина, се одликува и со точност и е многу чист внатре.
Неговата брзина за Јапонија е мала, но за други земји е вообичаена.
Овој воз има 10 вагони, капацитет за 34 патници и располага со 17 апартмани.
Ако сакате само основна услуга тоа ќе ве чини 2600 евра.