(ВИДЕО) Овој град им одзема се на луѓето кои ќе се иселат
Објавено во: Свет 02 Јули, 2019
Хуакси некогаш било сиромашно село, а денес е едно од најбогатите места во светот, и полага вето на имотот на своите жители.
Брои околу 2.000 жители, а меѓу нив нема сиромашни.
Сите живеат во вили и имаат над 143.000 долари на сметките во банка.
Затоа ова место го нарекуваат „Село со богаташи“.
Жителите работат по седум дена, и своите пари можат да ги потрошат единствено во селото, каде нема кафулиња.
Имаат воздушен сообраќај и за една минута можат да стигнат во соседните градови.
Ова кинеско село во минатото имало само 600 жители.