02 Мај, 2024
0.0306

(ВИДЕО) „Паднаа“ нови жртви во Венецуела

Објавено во: Свет 22 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Нови жртви има на границата меѓу Венецуела и Бразил. 

Најмалку двајца луѓе се убиени, а неколку се повредени во судирите на границата меѓу двете држави.  Војската на Венецуела пукаше кон цивили кои се обиделе да го спречат затворањето на границата. Ова е наредба на претседателот Николас Мадуро поради спорот со испораката на хуманитарна помош. Мадуро најави дека ќе ги затвори границите за да го спречи влегувањето на помошта.

Од двете страни на мостот што ги поврзува Венецуела и Колумбија, на 300 метри растојание, се одржуваат ривалски концерти. На барање на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за претседател, еден од концертите го организира британскиот милијардер Ричард Бренсон. Целта е да се соберат 100 милиони долари за лекови и храна.

Хуманитарна помош веќе почна да пристига на границата со соседните земји Бразил и Колумбија.  

Гваидо денеска е на границата со Колумбија, каде заедно со своите приврзаници се обидува да ја ослободи хуманитарната помош, која со денови е „заглавена“ во камионите. 

Бразил го отфрлил постоењето на било каков ризик да дојде до судир на границата со Венецуела по објавата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја затвори таа граница.

"Бразилската влада засега не идентификувала можност за судир затоа што станува збор за хуманитарна помош", рекол вчера во Бразилија портпаролот на претседателството, Отавио Рего Барос. 

Тој додал дека Бразил планира да пружи своја логистичка помош за достава на таа помош за Венецуела во сабота.

фото Ројтерс


Можеби ќе ве интересира

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција