(ВИДЕО) Пожар близу Лима уништи над 200 куќи
Објавено во: Свет 26 Јули, 2019
Пожар целосно уништи повеќе од 200 куќи во близина на перуанската престолнина, Лима.
Огнот избувнал во местото Сан Хуан Боску дел Калао, место западно од главниот град Лима. Десетици пожарникари се обидуваа повеќе часови да се справат со огнот, кој сега е локализиран.
Еден пожарникар и едно девојче се однесени во болница поради долготрајна изложеност на чад.