02 Мај, 2024
0.0243

Видео: Промоција на Мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014 – 2020, инфо караванот утре во Желино и Теарце

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Мерка 1 од ИПАРД Програмата нуди европски можности за македонското земјоделство. Таа предвидува инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, а е имплементирана од страна на Телото за управување со ИПАРД.

Корисници на Мерка 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице, и задруги. Мерката 1 поддржува примарно земјоделско производство, односно како приоритетни сектори го опфаќа растителното производство, сточарското производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство и земјоделско стопанство и производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.


За таа цел, низ државата се организираат инфо каравани од страна на МЗШВ, со цел подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД средствата. Оваа недела, со акцент на Мерка 1, но ќе бидат опфатени и Мерка 3 и 7, инфо караванот ќе биде во неколку општини во неколку различни денови.

Во вторник, 03.03.2020 година, инфо караванот ќе ги посети општината Желино, во 10:00 часот во Салата за Совет при општината.

Истиот ден, караванот ќе биде во општина Теарце, во општинската сала од 14:00 часот.

Сите заинтересирани граѓани од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, за да аплицираат на јавните повици со цел да го развијат и модернизираат нивното земјоделство и производство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите оние кои се заинтересирани за инвестирање по ИПАРД Програмата да присуствуваат на инфо средбите со цел подобрување на сопствените земјоделски стопанства.

- За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ ,http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор