Видео: Шведско-македонски бенд со песната „Друже Тито“ го возбудија интернетот
Објавено во: Македонија 27 Март, 2017
Шведско-македонскиот бенд Andra Generationen со лансирањето на нивната песна „Друже Тито“ се на добар пат да прераснат во интернет атракција. Песната е на англиски јазик со уфрлање на по некоја балканска фраза, а спотот изобилува со слики кои треба да ги разнежнат сите Југоносталгичари. За музички и естетски вкусови не се дебатира, па затоа ви оставаме на вас да ги дадете оценките и коментарите.