(ВИДЕО) СРБИНОТ КОЈ ГО СНИМИ ВИДЕОТО ВО ВИЕНА: Видов дете како бега и вика, па потоа почнав да снимам
Објавено во: Балкан 31 Март, 2024
Србинот кој го сними видеото во Виена и на кое се гледа девојче кое личи на исчезнатата Данка Илиќ, вели дека детето викало и бегало.
Српската полиција, како што јави Блиц, во ноќта меѓу саботата и неделата околу три часот по полноќ добила мејл од Виена, во кој српски државјанин наведува дека видел девојче кое наводно наликува на исчезнатата Данка.
Неколку српски медиуми го објавија и мејлот што го добила полицијата заедно со видеото.
„Околу 20:00 излегов од метро станицата и видов дете како бега и вика. Прво гледав, па почнав да снимам. Имаше две жени со детето кои разговараа на романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не одговараше“, пишува во мејлот.
Според извор близок до истрагата, веднаш била воспоставена соработка меѓу австриската и српската полиција.
Интерпол распиша жолта потерница за девојчето.