ВИДЕО: Стотици мигранти тргнаа пеш од Белград кон Унгарија
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2016
300 мигранти тргнаа пеш од Белград кон Унгарија со цел да упаднат на европска територија.
Српските медиуми јавуваат дека тие се движеле со полициска придружба од главниот град до еден од предградијата - Земун. Од таму продолжиле на север.
Пред да тргнат во таа насока, бегалците протестираа во Белград. Незадоволството доаѓа од неподготвеноста на Будимпешта да прифаќа повеќе бегалци:
„Ние не сакаме вода и храна, сакаме да ги отворите границите" - пишува на еден од плакатите на демонстрантите во Белград.
Во неделата Унгарците рекоа "Не" на антиимигрантскиот референдум. Првиот референдум во земја од ЕУ за населување на бегалците сепак не успеа бидејќи одѕивот бил под 50%. Сепак, над 90 проценти од гласачите гласаа против примањето на мигранти.