(ВИДЕО) СТРАВОТ ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОСИЛЕН ОД СЕ: Венеција никогаш не била толку пуста
Објавено во: Свет 04 Март, 2020
Венеција, познатата туристичка дестинација, целосно е запустена поради стравот од коронавирусот.
На улиците, плоштадите, но и во рестораните кои обично беа преполни, сега може да се види по некој турист, а повеќето од нив носат заштитни маски.
И каналите се празни, а возењата со гондоли веќе не се толку чести.
Намален е и бројот на летови кон овој град, кој просечно годишно го посетуваат околу 30 милиони луѓе. Откажан е и познатиот карневал.
Здравствените работници ги дезинфицираат јавните места, улици, тротоари, мостови, плоштади и базени. Посебно се чистат и гондолите и другите превозни средства. Од друга страна никогаш не било полесно да се слика на популарните локации, а овој пат нема страв дали толпа луѓе ќе ви влета во кадар.
Потсетуваме... само неколку месеци претходно Венеција претрпе уште еден силен удар кога беше зафатена од поплави.