(ВИДЕО) Судири меѓу Венецуела и Колумбија, паднаа нови жртви
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2019
Жестоки судири има меѓу војската и демонстрантите на границата меѓу Венецуела и Колумбија.
Како што објави Би-би-си, повикувајќи се на локални медиуми, едно лице загинало, а 14 се повредени во конфликтот меѓу војската и демонстрантите. Но, има и информации од други медиуми дека загинале 4 луѓе.
Конфликтот изби меѓу локалните жители и безбедносните сили на границата. Некои од венецуелските војници ги напуштија своите позиции на границата.
Помошта ја донираат на барање на опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гваидо, кого повеќе земји го признаа како привремен претседател. Во меѓувреме Мадуро трпи притисок за да поднесе оставка.
Мадуро вели дека хуманитарната операција е изговор за американска воена интервенција во Венецуела и негово симнување од власт.