(ВИДЕО) СУДИРИ НА КОСОВО: Специјалци со палки и солзавец против Србите
Објавено во: Балкан 03 Мај, 2019
Судир денеска се случи меѓу специјалците и Србите од Штрпце на Косово.
Членовите на Специјалната единица РОСУ, употребија палки и солзавец против мештаните од Штрпце. Тие се обидоа да го запрат багерот за изградба на мини-хидроцентрала, објави РТС.
Дваесет и двајца луше во судирите се повредени, објави РТС. По двомесечниот протест за одбрана на реките кои извираат од косовската страна Шар Планина, кога локалните жители успеаја да издејствуваат багерот да биде тргнат, но денес, со придружба на специјални единици, почна да копа.
Информацијата за настанот ја потврди и косовската полиција.
„И покрај тоа што полицијата ги информира и им нареди на протестантите да не ги попречуваат работите и да се оддалечат, тие не ги спроведоа наредбите. Во овој случај полицијата употреби спреј и протестантите се оддалечија, ослободувајќи го патот“, стои во полициското соопштение.
Велат дека во соработка со претставници на општината и на демонстрантите, е договорена заедничка средба на која ќе се разговара за нивните барања.