02 Мај, 2024
0.0267

(ВИДЕО) ТАЈЛАНДСКАТА ПЕШТЕРА КРИЕ ТАЈНА: За ослободување на момчињата била потребна човечка жртва

Објавено во: Свет 11 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Страшна легенда оживеа овие денови во тајланската покраина Чиуанг Раи, каде 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер повеќе од две недели беа заглавени во подземна пештера.

На влезот во пештерата бројни Талански граѓани оставале во прилог накит и намирници и кажувале молитви. Го правеле тоа за да му угодат на духот за кој веруваат дека престојува во пештерата и кој момчињата го налутиле па ги проголтал.

Имено, во близина на пештерата се наоѓа кип на млада жена облечена во традиционална туника, а во подножјето на нејзините нозе се наоѓаат посветени подароци за неа. Тоа е Џао Ме Нон, митска принцеза чиј дух, веруваат Тајланѓанците живее во пештерата во која беа заглавени момчињата.


Легендата вели дека некогаш одамна Џао Ма се заљубила во млад коњушар. Нивната љубов не била дозволена па заедно избегале а принцезата набрзо забременила. Бегајќи наишле на пештерата која им станала привремен дом. 

Едно утро , кога младиот коњушар отишол во потрага за храна, го пронашла стражата на таткото на принцезата и го убиле. Слушајќи ја кобната вест Џао Ма си го пробола стомакот со нож и искрварила во пештерата. Од тој момент, нејзиниот дух престојува во пештерата. Нејзината прелиена крв се претворила во вода, а нејзиното тело станало планина која ја опкружува пештерата и личи на заспиена жена.

Некои веруваат дека по вековниот сон заспиената принцеза се разбудила и ги заробила момчињата, па ги пуштила по бројните молитиви и дарувања.


Локалните жители сметаат дека принцезата сакала жовечка жртва и смртта на еден од спасувачите и ја добила. Тајланѓаните веруваат дека духот на принцезата сакал крв на војникот припадник на Фоките, како што тие некогаш го убиле нејзиниот сакан. Со неговата крв, смртта на младиот коњушар е одмаздена, а момчињата успешно се спасени.

Можеби ќе ве интересира

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција