(ВИДЕО) ТЕНЗИИ ВО СКАДАР: Демонстранти фрлаат камења кон полицијата
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2019
Teнзична e состојбата во градот Скадар во Албанија, каде што се очекува да започне изборниот собир на премиерот Еди Рама.
Демонстрантите од опозицијата се судриле со полициските сили, бидејќи се против присуството на Рама.
Според Топ Чанел полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите. Во моментот демонстрантите фрлаат камења и други предмети кон полицијата.