(ВИДЕО) Торнадо преврте автобус и уништи куќи
Објавено во: Балкан 01 Мај, 2019
Торнадо во Романија уништи најмалку 10 куќи.
Компанијата Метеоплус објави видео, на кое се гледа моментот кога вчера торнадо ја зафати руралната област Калараши. Романската телевизија ја пренесе изјавата на шефот на полицијата во Калараши, според која автобус со 40 патници се превртел од силните ветрови.
Торнадото го зафати подрачјето на округот Дјарна, 70 километри северно од Букурешт. Оштетени се куќи, ниви и многу возила. Според првичните информации, повредени се 7 лица.