(ВИДЕО) Трамп со уште една шокантна изјава го запрепасти светот
Објавено во: Свет 17 Мај, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече „животни“ илегалните мигранти во државата Калифорнија на тркалезната маса за американските градови кои на имигрантите им пружаат засолниште.
„Протеруваме луѓе од земјата. Не можете да верувате колку тие луѓе се лоши“, рекол синоќа Трамп во текот на разговорите за градовите во Калифорнија кои одбиваат да соработуваат со имиграционата служба на сојузно ниво.
На снимката на 2,20 јасно се слуша дека Трамп ги нарекува имигрантите „животни“.
„Тоа не се луѓе, тоа се животни. Ги протеруваме од земјата со брзина која никогаш порано не сме ја имале“, рекол Трамп.