(ВИДЕО) УНИШТЕНА ФЛОРИДА: Ураганот Мајкл остави ваков пустош зад себе
Објавено во: Свет 11 Октомври, 2018
Ураганот Мајкл кој ја погоди Флорида зад себе остави пустош. Ова е третиот најсилен ураган кој е забележан некогаш во САД и најсилен ураган кој ја погодил Флорида во последните сто години.
Најмногу штета му нанасол на градот Панама. Основното школо Џинкс толку многу е уништено што „ловецот на бурата“ Брет Адаир можел со својот дрон за снимаење да пролета право низ уништената спортска сала.
Медиумите ги пренесоа неговите снимки. Урагант буквално го искршил кровот на салата и ги урнал ѕидовите. Интересно е дека, мрежата за одбојка останала недопрена.
Секде низ градот се гледаат урнати столбови на далеководи, искорнети стебла и урнати куќи.
Повеќе од 359 000 потрошувачи останале без струја. Итните служби апелирале на жителите да се тргнато од улиците додека комуналните служби не го довршат отстранувањето на опасните објекти.