07 Мај, 2024
0.0240

(ВИДЕО) Утрово уапсен градоначалникот на Будва

Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Општинските власти и граѓаните се собраа рано утрово во просториите на Општина Будва, откако десетина комбиња полни со полиција пристигнаа и го уапсија градоначалникот, Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание , Крсто Радовиќ, пред зградата на локалната самоуправа.

Уапсени се и менаџерот на Општина Будва, Мило Бошовиќ, секретарот за инвестиции, Младен Микиељ, Никола Јовановиќ, шефот на кабинетот на Царевиќ, како и Ѓорѓе Вујовиќ, советник на Царевиќ. Уапсени се и синот и братот на Марко Царевиќ.

Претходно, полициски кордон се обиде да воведе Управна инспекција во општинската зграда но не им беше дозволен пристапод страна на Царевиќ и Радовиќ. Полицијата употребила хемиски средства, а прозорците на зградата на Општината биле искршени.

Поставени се полициски кордони околу зградата на општината, а градскиот булевар беше блокиран 

"Ако Административната инспекција дојде за време на работното време, ние сме целосно отворени, нема потреба да ја правиме оваа опсада и окупација на Будва. Овој вид окупација не се памети ниту при најголемите окупатори во оваа област. Ние ги почитуваме законите на оваа земја. ", рече Царевиќ утрото пред апсењето.

Четворица пратеници на Демократска Црна Гора беа во канцеларијата на Радовиќ како поддршка. Во зградата имало повеќе од 100 луѓе, вратите на Општината биле блокирани, како и официјалниот влез каде било паркирано возило.

Пред зградата на Општината се поддржувачи на Демократскиот фронт (ДФ), Демократска Црна Гора, Социјалистичката народна партија (СНП) и Граѓанското движење УРА.

Вчера, Царевиќ поднесе кривична пријава против тројца инспектори на Управната инспекција, како и против членот на Управниот одбор на ДПС, Снежана Куч и локалниот лидер на  Црногорска, Владимир Булатовиќ, за „злоупотреба на службената положба, создавање криминална организација за насилно преземање и упад во службени простории“.

Претходно вчера, на службените лица од Управната инспекција при Министерството за јавна администрација им беше оневозможено да ја потврдат одлуката за новото парламентарно мнозинство во во Општина Будва, со која беа отстранети Царевиќ и Радовиќ.


Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака