(ВИДЕО) Владее беда, а пари носат во колички
Објавено во: Финансии 23 Септември, 2017
Кога е во прашање финансиското работење, мала африканска земја може да биде пример за развиените земји.
Иако во земјата владее беда, сепак парите ги носат во количка.
Станува збор за самопрогласената држава Сомалиленд, која во 1991 година се одвои од Сомалија.
Тие брзо развија безготовинско плаќање, а плаќањето со мобилни веќе е на ниво од 50% и имаат раст од 10% секоја година.
Но, луѓето плаќаат на ваков начин поради големата сиромаштија и големата девалвација.
Немаат ниту една странска банка затоа што државата не е призната, а нивниот шилинг постојано паѓа.
Еден американски долар е еднаков на нивни 9000 шилинзи.
Пред една година односот беше 1:4.500.
За набавка на намирници пари носат во големи торби или во колички.