(ВИДЕО ВО ЖИВО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДОРТМУНД: Бомбашки напад на автобусот на Борусија-натпреварот откажан
Објавено во: Свет 11 Април, 2017
Силни експлозии одекнаа во Дортмунд во пресрет на првиот натпревар од четвртфиналето помеѓу Борусија и Монако, а повреден е еден играч на домашниот тим.
Инцидентот се случил кога бомба е фрлена пред клубскиот автобус на Борусија Дортмунд, чии играчи се движеле кон својот стадион на натпреварот со Монако.
Според наводите на самиот клуб „едно лице е повредено“, и тоа близу до клубскиот хотел, десетина километри од стадионот, а германските медиуми јавуваат дека е во прашање фудбалерот Марк Батра, кој веднаш е префрлен во болница.
Полицијата накнадно обелоденила дека покрај автобусот се случиле три експлозии, но дека непосредно на лице место не може веднаш да се соопшти дали е во прашање терористички напад или нешто друго.