(ВИДЕО) За Јеремиќ Заев бил „ѕвезда“ во ОН во Њујорк
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2017
Поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ за телевизијата Н1 изјави дека од балканските лидери само македонскиот премиер, Зоран Заев на некој начин бил ѕвезда на Генералното собранието на Обединетите нации.
Јеремиќ рече дека во Њујорк цело време се чувствувале позитивни вибрации кон Македонија поради можностите да се реши проблемот со Грција и да се отворат перспективи за земјата.
За односите Србија - Косово, рече дека според него косовската страна била поактивна. Вели дека Косово најверојатно лобирало за признавање и влез во УНЕСКО. Jеремиќ рече дека и тие се пред големи предизвици. Tој е резервиран за тоа дали претседателот на САД, Доналд Трамп ќе ја посети Србија. За посетата на францускиот претседател, Емануел Макрон рече дека исто мисли дека таа посета нема да се случи брзо.