(ВИДЕО) ЗА НАПАДОТ ВО ЕГИПЕТ: Mасакрот траел 20 минути
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2017
Терористи вчера убија 305 луѓе во џамија во Египет, а масакрот траел 20 минути.
Околу триесет терористи направиле „арена на смртта“ така што го опкружиле верскиот објект од сите страни.
„Теророт траеше 20 минути. Прво ги блокираа сите прозорци и врати, па ја активираа бомбата и отворија оган од автоматските пушки. Ги имаше помеѓу 25 и 30 години, носеа знамиња на ИСИС и зазедоа позиции на вратите и прозорците“- велат очевидци.
Ова е најголемото злосторство во модерната историја на Египет.