Видео: Зоран Заев порача дека Балканот мора да соработува
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017
Зоран Заев по вечерата со високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини на која присуствуваа и премиерите на државите од Западен Балкан порача дека е неопходна поголема соработка.
На тој начин и ЕУ ќе гледа со повеќе почит, а исто така откри дека средбите со Могерини и останатите високи европски дипломати ќе зачести за отворено да се разговара како за можностите за соработка, така и за билатералните прашања.
Заев рече и дека до крајот на оваа недела ќе биде поднесен предлог за состав на новата влада и по дебатата во Собранието очекува Македонија да добие ново раководство.