(ВИДЕО+ФОТО) Мугабе уживал во огромна и екстра скапа вила
Објавено во: Свет 07 Септември, 2019
Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој завчера почина на 95 години, имал на располагање невиден раскош.
Времето со сопругата често го поминувале во вилата „Сина куќа“, а интересно е дека една српска фирма била задоложена за нејзината изградба.
Куќата има 25 соби, спа, канцеларија и просторија за прием гости која се протега на два спрата.
Ентериерот е инспириран од кинеската архитектура, а странските медиуми пренесуваат дека самата изградба на објектот чинела 3,75 милиони евра. Вкупната вредност на објектот се проценува на помеѓу шест и 7,5 милиони долари.
Имотот се протега на 17 хектари, на само 25 километри од главниот Хараре.
Трпезаријата е толку голема, што диктаторот и неговата сопруга можеле да угостат дури 30 луѓе на вечера или ручек.
Внатрешноста на вилата прв пат е претставена на јавноста во 2010 година, пред венчавката на Боне Мугабе, ќерката на диктаторот.