04 Мај, 2024
0.0276

Вилма Русковска повторно се кандидира за шефица на Обвинителството за организиран криминал

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска повторно се кандидира за да раководи со ова обвинителство. Вели дека очекува поддршка од нејзините колеги.

Таа  денеска изјави дека нејзината суспензија како и поднесената кривична пријава, ги гледа како притисок кон неа и кон сите јавни обвинители за да внимаваат против кого ќе поведат постапка. Русковска даде исказ во Обвинителството, по поднесената кривична пријава за злоупотреба на службена должност при претресот извршен на 18 јули годинава во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК.

„Давав исказ по поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција за наводна злоупотреба на службена положба и овластување и за наводна фалсификувана исправа. Ова е истрага, а јас бев испитана во својство на осомничена. Очекувам да се отфрли пријавата“, изјави Русковска.

Таа кажа дека не извршила увид во доказите и дека не знае какви докази се собрани освен што знае за делови од предметот што се прибавени од Организиран криминал. 

Пријавата на 8 август ја поднесе Управата за финансиска полиција, а оштетено лице е Арафат Муареми. Беше поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за претресот во Управата за финансиска полиција извршен на 18 јули годинава.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра