12 Мај, 2024
0.0231

Винаријада во Нерези

Објавено во: Агробизнис 09 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Жителите на населбата Нерези и оваа година традиционално ја организираат манифестацијата „Винаријада Нерези 2014“ на која се врши презентација на вино и гурмански специјалитети и каде се промовира сопственото производство. Винаријадата Нерези е манифестација од изложбен, хуманитарен и продажен карактер. Целта на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на виното, како препознатлив македонски производ, но истовремено да им се помогне на винарите, да се претстават пред потенцијалните потрошувачи од Македонија. Средствата кои ќе се соберат ќе се донираат за Црквата Св. Пантелејмон и семејствата од ранливите категории од населбата Нерези.