28 Април, 2024
0.0366

Винарски визби избришани од регистарот на откупувачи

Објавено во: Агробизнис 28 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Од регистарот на откупувачи на Министерството за земјоделство се избришани четири винарски визби, поради неплатено грозје во законски предвидениот рок.

Како што соопшти денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, против одговорното лице во една винарија е покрената и кривична пријава за давање лажни изјава или нотарски акт дека е платено грозјето во целост.

Коњановски потенцира дека нема да биде поштеден ниту еден субјект доколку не ги испочитува законските обврски.

- Во интерес на заштита на правата на лозарите го донесовме Законот за лозарство и винарство каде точно се определени казните за оние кои нема докрај да ги испочитуваат договорите. Нема да се толерира никој, тоа најодговорно го тврдам. Секој што нема да го подмири долгот кон лозарите во определениот временски период, ќе се соочи со санкции, подвлече Коњановски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на Неготино.

Министерството, додаде, до крај ќе ги заштити правата на лозарите. Воедно сака да постави и правилна и правична форма на заедничка игра и интерес меѓу лозарите и винарите.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?