26 Април, 2024
0.0327

Винер Лајф во акција, ги учат децата од маргинализираните групи како да заработат!

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Почитувајќи го корпоративниот принцип на општествена одговорност на единствениот акционер на Винер животно осигурување, Виена Иншуренс Груп, со воведувањето на „Social Active Day“, Винер животно осигурување се вклучи во проектот Лице в лице. Со оваа акција секој вработен добива по еден слободен работен ден, за да го искористи во општествено одговорни акции. Винер Лајф  организираше еднодневен едукативен семинар каде вработените ги учат припадниците на маргинализираните групи како да го продаваат магазинот „Лице в лице“.  По теоретскиот дел заеднички го продаваа магазинот, од чија продажба се финансираат овие групи на граѓани. „Обуката што ја организираше Винер Лајф е одлично надополнување на двомесечниот тренинг кој што беше базиран на невролингвистичката програма, во моментов многу актуелна во светот. Во изминатиов период се работеше на зголемување на самодовербата и на подобрување на комуникациските вештини. Денеска продавачите на „Лице в лице“ од вработените во Винер Лајф учеа техники за подобра продажба, а имаа и шанса практично да проверат што научиле. Ова беше пријатно искуство за нив“, изјави координаторката на „Лице в лице“ за Македонија, Климентина Илијевски. Корпоративниот ден за покажување на својата грижа за заедницата вработените на Винер Лајф го искористија токму за пренесување на тајните вештини на продажба како и начините за правилен пристап кон купувачот на маргинализираните групи од заедницата. „Оваа активност беше поинаков работен предизвик и навистина големо задоволство да се вклучиме во овој проект.  Се обидовме што е можно поедноставно да им ги пренесеме нашите знаења на децата и да ги научиме на работна етика, одговорност и задолството од заработување за живот како и  созревање на едно друго ниво каде грижата за себеси е во сопствените знаења“, изјави Марина Макенаџиева претставник од Винер Лајф Вработените во Винер Лајф исто така и практично им покажуваа интересни начини и совети за продажба  на децата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари.  

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет