ВИРУСОТ „КОСИ“: Во Италија за едно деноноќие починаа 49 луѓе од корона
Објавено во: Свет 06 Март, 2020
Koронавирусот „коси“ во Италија.
Во оваа земја во изминатите 24 часа починаа 49 лица од вирусот. Вкупно има 197 жртви од тој вирус, објави италијанската Цивилна заштита.
Италија, по Кина, е најпогодена држава по број на смртни случаи од вирусната пневмонија и четврта по број на заразени по Кина, Јужна Кореја и Иран.
Повеќе од 100.000 луѓе се заразени од коронавирусот во светот.
Во нашата земја засега има двајца нови заразени, но тие се во стабилна состојба.