28 Април, 2024
0.0255

Владата ги „собрала“ банкарите за кредитирање на буџетот, тие сакале повисоки камати

Објавено во: Финансии 25 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Пред да почне да го „пакува“ буџетот за идната година, Владата ги викнала на заедничка маса банкарите од земјава, со цел да се договорат поволни услови за заемите кои неколку домашни банки ќе му ги дадат на државниот буџет за идната година. 

Овој кредит на државата ќе и биде потребен со цел да се обезбеди стабилно финансирање за идната година, дотолку повеќе што и веќе од трети јануари ќе почне да функционира техничката Влада, а во Министерството за финансии ќе има дополнителен заменик министр на предлог на опозицијата.

Според информациите, од Владата успеале да издејствуваат каматни стапки од 0,7 проценти годишно, онолку колку што државата плаќа и на државните хартии од вредност кои ги издава. 

Но, тоа не било баш лесна работа, бидејќи банкарите сметале дека за заемот што ќе и го одобрат на државата, треба да добијат повисоки каматни стапки. Сепак, на крајот решиле да излезат во пресрет, и се согласиле каматата на средствата што ќе ги одобрат да изнесува 0,7 проценти. 

Според информациите, од Министерството за финансии гледале не само да ги добијат средствата, туку и тоа кредитирање што ќе го направат банките за државата да не биде на штета на кредитирањето на компаниите и населението, односно банките да имаат доволно средства и за одобрување на кредити за корпоративниот сектор и граѓаните. 

„Банките имаат голема ликвидност и овие заеми нема да им го намалат обемот на кредитирање на другите клиенти“, велат извозите. 

А како што веќе пишуваше Фактор, Македонија за прв пат во својата историја, со одлука на Владата, ќе се задолжи кај домашните комерцијални банки за околу 133 милиони евра, кај шест кредитори, за да врати заем чиј рок истекува на почетокот од следната година.

Ова е прв пат земјата да се задолжува на ваков начин, преку краткорочен кредит кај домашните банки. Нјголемото задолжување ќе биде кај Комерцијална банка во износ од 60 милиони евра, Стопанска банка Скопје е на второто место со сума од 30 милиони евра, а потоа следуваат НЛБ банка со 17,9 милиони евра, Охридска банка и Халк банка со по 10 милиони евра, и Шпаркасе банка со пет милиони евра.  

Договорот го склучува Министерството за финансии и во име на земјата ќе го потпише министерката за финансии Нина Ангеловска, кредитите ќе се користат под фиксна каматна стапка која изнесува 0,7 отсто на годишно ниво и еднократна провизија за водење на кредитен аранжман во износ од 0,2 проценти од вкупниот износ на кредитот. Рокот на отплата ќе биде до 28 декември 2020 година. 

Идната година земјава треба да врати големи суми претходно земени кредити кон странство.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот