02 Мај, 2024
0.0247

Владата го најавува петтиот пакет на економски мерки во 2021

Објавено во: Економија 28 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Новиот пакет на економски мерки за граѓаните и компаниите за справување со последиците од корона кризата е се позивесен, според најавите кои доаѓаат од Владата.,Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на вчерашната прес-конференција, потврди дека петиот сет ќе биде во слична форма на претходните.

„Со петтиот пакет ќе се постапува највнимателно, со цел да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните. Така беше и во текот на оваа година“, изјави Арсовски.

Премиерот Зоран Заев претходно рече дека во буџетот за 2021 има проектирано средства за државна помош и дека она што ќе биде консултација со коморите, синдикатите и сите чинители како и до сега, ќе го дизајнира и петтиот пакет на економски мерки.

„Нови пакет мерки ќе има, кризата ќе опстојува најмалку до првиот квартал. Доколку коморите сметаат дека мерката за субвенционирање на плати е добра ние ќе ја поддржиме, дополнително доколку сметаат дека други видови на мерки за нив се подобри и се поважни ќе ги разгледаме. Нашите очекувања се дека првото полугодие од следната година ќе биде и излез од оваа криза генерално и затоа е важно да се дискутира. Владата ќе развие нови пакети врз основа на социјален дијалог во кој се вклучени и компаниите и работниците преку синдикатите. До сега имаме разбирање, за одредени случаи и ние нудиме административна помош сé со цел компаниите да ги искористат средствата за плати за работници и работни места“, рече Заев.

Од Владата велат дека до сега се поддрани над 30 отсто компании со мерката за исплата на плати на работниците од 14.500 до 21.778 денари.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?