15 Мај, 2024
0.0255

Владата ќе им помага на 48 компании кои ќе инвестираат, очекува нови работни места

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Владата потпишала оваа година договори со 48 компании за помош за дополнителни инвестиции во рамки на Планот за економски раст за финансиска поддршка на инвестиции. Од овие, 38 се нови договори а 10 се анекси на договори и вредноста на дополнителните инвестици е вкупно 53, 4 милиони евра. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека со оваа поддршка овие компании ќе отворат нови 498 работни места.

„Станува збор за инвестиции и развој и стекнување на конкурентска предност во ова време на непредвидливост. Со ова се гарантира стабилност на работни мести и отворање на нови. Овие 48 компании решија да реализираат нови инвестиции и тоа е добро, но ќе значи и за нив во смисла на поддршка на нивната конкурентност на домашниот и на межународните пазари, рече Битиќи. 

Тој рече дела во 2019 се реализирани 17,5 милиони евра, а се отворени нови 146 работни места. Во овие 48 компании кои оваа година потпишуваат нови договори ќе вработат уште 498 нови. Битиќи рече дека добиваат компании од сите региони, не само од Скопје и дека не станува збор само за странски компании како што беше тоа случај порано. 

„И покрај пандемијата и оваа година државата продолжува со поддршка на бизнисот и нашите компании. Кога го создадовме планот пред три години, многу луѓе беа скептични дека нема да даде резултати и дека нема креира нови работни места, но не испадна така, рече министерот за економија Крешник Бектеши.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци