15 Мај, 2024
0.0277

Владата најавува царински мерки за странските извозни компании

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ќе донесе автономни мерки за помош на извозните компании, најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши. Битиќи вели дека ќе има измени на царинските стапки и дека набрзо ќе се отвори целиот царински тарифник па заради праведливост, вели, ќе се усогласи со тој од Европската унија. 

„Треба да го средиме царинскиот тарифник и да ги усогласиме царинските стапки за увоз на компоненти со тие на Европската унија. Имаме барање и предлог од советот на странски инвеститори и деновиве ќе одлучиме позитивно за автономна мерка за намалувањее на царинска тарифа се додека трајно не се реши како проблем, рече Битиќи.

Министерот Бектеши потврди дека во Министерството за економија се подготвени веќе одлуките за соодветни мерки, за израмнување на царински стапки со тие на Европската Унија. 

Странските инвеститори инаку сметаат дека е потребно итно и неодложно целосно одложување на царинските стапки на одделни производи односно компоненти потребни за производство на технолошки напредни производи со соодветните стапки во Европската Унија согласно Одлуката за намалување на увозните давачки- царинските стапки на оддлени компоненти. Барањето беше за да се зголеми конкурентноста на нашите компании. 

Со одлука која беше со важност од 30 јуни годинава беа намалени стапките на 12 производи за 50 отсто, но и покрај барањето Владата не ја продолжи важноста на оваа одлука.

„Како држава имаме поголеми царини за увозот на многу компоненти што се потребни за производство на технолошки напредни производи од оние кои се применуваат за увоз од трети земји во ЕУ. Ова ја прави земјата неконкурентна како локација за инвестиции за другите земји членки од ЕУ и земјите од регионот и дополнително ги прави неконкурентни македонските производи во споредба со земјите членки на ЕУ, тврдеа од странските компании.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ