14 Мај, 2024
0.1743

Владата одобри помош за педесетина компании

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Владата денеска одобри помош за педесетина компании.

На продолжението на 12-тата редовна седница на Владата е одобрена финансиска поддршка за инвестициите на 49 компании во вкупен износ од 53,4 милиони евра. 

Владата го разгледа извештајот на Агенцијата за странски инвестиции, дополнет со мислењето на Комисијата за евалуација за исполнетост на условите, за пристигнатите барања за склучување на Договор за доделување на финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
„Од извештајот на Агенцијата, потврдено со мислењето на Комисијата, на повикот за финансиска поддршка на инвестициите, согласно Планот за економски развој и Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена/дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори. Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните  инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во  Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10% до 20%, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра“, информираат од Владата. 


Вкупниот износ  за инвестициите за компаниите од двата пакета чини 53,4 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?