02 Мај, 2024
0.0312

Владата предизборно ќе отпишува камати на долгови

Објавено во: Економија 15 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Доверителите во државна сопственост од 18 мај по точно три месеци од стапувањето во сила на предизборниот закон кој во февруари го донесе Собранието пред своето распуштање треба да започнат со отписот на камати и репрограмирање на основниот долг на неплатени сметки и комуналии дадени на извршители до 2018 година.

Иако официјалниот старт треба да биде од понеделник, во моментов нема ниту штури информации до каде е планот и дали ќе биде испочитуван датумот.  Единствено се знае дека законот на физичките лица им дава можност за отпишување на каматите за долгови дадени на извршување, кои граѓаните гиимаат кон државен орган, јавно претпријатие или установа на централно или локално ниво направени заклучно со 31 декември 2017 година, и можност за отплаќање на главниот долг на рати.

Единствено е познато дека минатиот месец на владина седница беше задолжен Генералниот секретаријат на Владата да ги повика сите државни органи, органите на државната управа, организациите утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје или општините во градот Скопје, како и јавните претпријатија во државна или јавна сопственост, кои се утврдени како доверители, да ги интензивираат активностите со оглед на тоа што рокот за истото истекува на 18 мај и да ги известат извршителите во законски предвидениот рок за прецизираните барања за извршување.

Активистот Ана Глигорова вели дека овој закон најпрво се однесува за долговите кои ги имаат граѓаните за комуналии и за сметките кон водоводните претпријатија како и кон Водостопанство и дека од понеделник граѓаните кои имаат вакви проблеми по правило веќе треба да поднесуваат барања да им се даде можност за отплата на рати на долговите без натрупаните камати.

- Според мене, од понеделник по секоја логика треба да има обрасци со кои индивидуалците треба да си ги поднесат своите барања на самото место кај доверителите за да си го добијат своето законско право. Сепак, ќе беше добро доколку во законот ги имаше со име доверителите кај кои ќе може да се оди, бидејќи вака тоа изгледа воопштено. Законот дава можност и од приватните доверители да се побара истото, но тие не се должни да го направат тоа, и по мое мислење, граѓаните ќе губат време таму, вели Глигорова

Марјан Ненов, исто така од „Движење на слободни граѓани“, тврди дека законот би заживеал како „предизборна бонбона“, односно „простувањата“ би се интензивирале непосредно пред парламентарните избори за кои изминатиот период власта се залага категорично.

- Очекувам да се практикува на 20 дена пред избори, бидејќи тоа и оди во прилог на власта, затоа што самиот закон е таков што и овозможува некаква предизборна промоција. особено тоа ќе треба да биде истакнато додека трае корона-кризата, од која допрва се очекуваат вистинските негативни економски последици, смета Ненов.

На должниците им се овозможува отпишување на пресметани камати, како и репрограмирање на главниот долг и трошоците кои произлегуваат од старите извршни судски предмети пренесени од судовите кај нотарите и извршителите согласно Законот за Донесен Закон за отпис на каматите и репрограмирање на долговите дадени на извршување заклучно со 31 декември 2011 година, како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални и сродни дејности пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

Со овој Закон доверителите во државна или јавна сопственост се должни да направат целосен отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од неговото стапување во сила на почетокот од февруари 2020, а тој датум истекува на 19 мај. 

Доверителите со отписот на каматите и репрограмирањето на долговите треба да ги информираат извршителите за прецизираното барање за извршување во рок од 30 дена од отписот на каматите. Плаќањето на ратите кај нотарот и извршителот ќе се врши на месечни рати зависно од висината на долгот. За долгови до 10.000 денари на шест месеци, од 10.000 до 60.000 денари на 12 месечни рати, од 60.000 до 120.000 денари на 24 месечни рати, до 240.000 денари на 36 рати, а над тој износ на 48 рати.

Кога беше најавен Законот во Владата во декември минатата година беше истакнато дека со ова се исправа уште една неправда направена во 2011 година, кога старите извршни предмети беа префрлени од судовите на извршителите и нотарите.

А.К.






Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?