29 Април, 2024
0.0261

Владата прифаќа да им плати три кирии на ноќните клубови

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Здружението на ноќните клубови, кои заедно со рестораните за свадби и естрадните уметници протестираа пред Владата, објави дека на средбата со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и останатите претставници им било кажано дека може да им се помогне со исплата на три кирии во овој период додека тие имаат забрана за работење во периодот на коронавирусот.

„По доставувањето на нашето барање за финансиска помош во висина од 30% од бруто приходот на секој ЛИЦЕНЦИРАН објект за месеците во кои НЕМАМЕ работено и за месеците што нема да ги работиме во иднина со што би можеле да ги сервисираме настанатите долгови за кирии, паушали за (струја,вода,телефони,интернет), закуп на паркинг простори, обезбедување на објектите и сл. и би продолжиле да ги сервисираме во идните месеци во кои нема да работиме , зошто со новонастанатата ситуација и порастот на бројките на заболени сигурно не би можеле да работиме во наредните 6 месеци, после две недели чекање добивме одговор дека ќе бидеме помогнати со финансиски средства во износ од 3 кирии.

Искрено оваа понуда е срамна и навредлива, после 8 месеци без ниту еден работен ден, без никаква надеж и најава за наше отварање, после сите образложени трошоци со кои се соочуваме секојдневно да ни се понуди финансиска помош од само 3 кирии е апсурдно“, соопштија од здружението на ноќни клубови.

Тие се осум месеци присилно затворени, а очекуваат таквата ситуација да продолжи уште шест месеци. Велат дека премиерот Заев покажал разбирање за нивните проблеми, но и најавуваат уште протести во иднина.

„Нашиот праг на толеранција е веќе поминат и оваа понуда од страна на Владата на Република Македонија ќе биде проследена со масовни протести и тужба кон државата за настанатата штета и нарушеното Уставно право да работиш и да заработуваш“, додаваат од таму.



Можеби ќе ве интересира

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица