14 Мај, 2024
0.0256

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Објавено во: Економија 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие Македонски Железници - Инфраструктура има 9,7 милиони евра доспеан а неплатен долг по девизни кредити, а Владата веќе донесе одлука да бара кредитор за 426 милиони евра за изградба на пругата од Кичево до Струга 

Претпријатието за одржување на железничката инфраструктура, според годишниот извештајот кој го објавил пред две недели, прикажува приходи од 874 милиони денари, за 26 помалку од 2018, а истите се главно од изнајмување на пругата и од државниот буџет, од каде биле обезбедени 553 милиони денари. Загубата е 340 милиони денари во 2019, односно слична сума како и една година претходно, а дури 510 милиони денари од расходите се прикажани како амортизација. За околу 900-тини вработени се делат 438,4 милиони денари за бруто плати

МЖ Инфраструктура за 32,58 милиони евра има обврски кон девизни кредити, од кои 9,7 милиони се доспеани. Задолженоста на претпријатието се зголемила за 34,86 отсто само за една година поради девизните кредити.

Од Коридорот 8, пругата од Куманово до границата со Бугарија е во изградба а е долга 89 километри. Функционален е само централниот дел Куманово - Скопје - Кичево од 154 километри. Оној што сака да го гради Владата, западниот дел, треба да изнесува 70 километри од Кичево до Албанија, но тој е во фаза на изработка на техничка документација. 

На пругата од Куманово до Бугарија минатата година биле потрошени 10 милиони евра, но само на делницата до Бељаковце, додека до Крива Паланка практично се скенира само теренот. Средствата главно се oбезбедени преку кредит од ЕБОР.

Владата во вторникот одлучи за изградба на железничката пруга од Кичево до граница со Албанија да бара 426 милиони евра од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори како грант средства за техничка помош, но засега само за проектот до Струга. На истата седница, познавајќи ја ситуацијата во која се наоѓа МЖ Инфраструктура, Владата  преку грантови реши да му обезбеди техничка помош преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).

По првата половина од годинава, ЈП Македонски железници инфраструктура Скопје, со долг од 12,4 милиони евра се искачи на второто место на листата на најголеми должници кон државата, зад МЖ Транспорт. Неговиот долг е пораснат за околу два милиони евра, а претходно биле на четврто место.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа