fake panerai watches Владата со пари од буџетот ќе ги исплаќа платите на вработените во „Македонска пошта“
02 Мај, 2024
0.0333

Владата со пари од буџетот ќе ги исплаќа платите на вработените во „Македонска пошта“

Објавено во: Економија 08 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата на вчерашната седница донесе одлука за одобрување на средства од Буџетот исклучиво за исплата на плати на вработените во „Македонска пошта“. Акционерското друштво во државна сопственост подолго време работи со долгови, а згора на тоа работите уште полоши ги направија корона-кризата и стечајот на Еуростандард банка, со која имаше договор за трансакциските услуги.

Синдикатот на АД Македонски пошта уште во септември побара од премиерот Зоран Заев итна средба со цел што е можно побргу да се пронајде деловна банка која ќе го одржува прометот на друштвото по стечајот на Еуростандард. Од таму алармираа дека поштата изминатиот период работи со сериозни загуби на дневна основа и дека вработените стравуваат за своите плати и работни места.

„Сериозно е нарушено работењето, повеќе од 20 дена на дневна основа генерираме сериозни загуби со оневозможување на платниот промет на 300 поштенски единици. Прекинати се приходите од меѓународниот сообраќај и намалени оние  од внатрешниот сообраќај во изминатите шест месеци. 2.300 вработени стравуваат за своите плати и работни места. Тоа е директна закана за егзистенцијата и нивните семејства. а неработењето на поштенските филијали имаат и големо влијание на населените места и кај корисниците. Над 100.000 корисници се оштетени“, рече Боро Велигденов, претседателот на синдикатот, пред медиумите.

Пошта инаку се финансира од сопствени приходи, а во овој случај Владата не кажува за колкав трансфер на пари од буџетот се работи. На вчерашната седница беше решено да се прифати конечната понуда на Халкбанк АД Скопје за склучување на Договор за соработка со АД „Пошта на Северна Македонија“ и го одобри Договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во АД „Пошта на Северна Македонија“ - Скопје во име и за сметка на Халкбанк АД Скопје.




Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?