02 Мај, 2024
0.0261

Владата „украде“ идеја за задолжување на Зоран Ставрески

Објавено во: Економија 14 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Владата со уредба го измени Законот за задолжување на Македонија кај Светска банка за договор за заем за финансирање на проектот за поврзување на локални патишта, со што поголемиот дел од парите ќе ги искористи за буџетска поддршка, односно за субвенционирање на работодавачите за време на кризата од Ковид-19.

Според уредбата објавена во последниот број на Службен весник, од 70 милиони евра, за време на траењето на вонредната состојба ќе бидат наменети само 20 ќе бидат наменети за реализација на првите три компоненти за поврзување на локални патишта додека дури 50 милиони ќе бидат за кофинансирање на владината мерка за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено - економската криза заради исплата на платите за месеците април и мај.

Корисник на средствата инстантно ќе биде Генералниот секретаријат на Владата, наместо Министерството за транспорт и врски, а доколку средствата во износ од 50 милиони евра не се искористат за субвенциите, ќе се пренаменат за локалните патишта.

Уредбата со законска сила сега станува слична како онаа на Законот со кој во 2015 тогашната Влада се задолжи кај Дојче банк и Ерсте банк 90 милиони евра за гасификација на земјата, а при тоа дел од парите, според договорот, во исклучителни случаи можеа да се користат за буџетска поддршка, односно за други трошења.

Тогашната опозиција предводена од СДСМ го обвини тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески дека со овој контроверзен закон идејата е да се корумпираат гласачите со непродуктивни трошења, а истовремено дека каматите така ќе бидат многу високи токму поради можноста за пренамена на парите за „буџетска поддршка“.

Сепак, овој пат станува збор за вонредна ситуација проследена со здравствено-економска криза, а и јасно е дефинирана пренамената дека парите ќе бидат за субвенционирање на платите во засегнатите дејности.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?