28 Април, 2024
0.0300

Владата во сред криза најде 4,5 милиони евра за софтверски лиценци

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата веќе започна да ја отплаќа рекордната набавка што во договор од 15 милиони евра ја склучи изминатото лето за софтверски лиценци. Изминатата недела Владата му префрлила безмалку 4,5 милиони евра, или 258,2 милиони денари, на Крејон Македонија, застапникот на лиценците и софтверот кои ќе се набавуваат од глобалниот гигант Crayon.

Понудата на Аитоникс АД во јули на електронска аукција беше избрана за најдобра, а во август беше склучен договорот во вредност од 899.985.272 без ДДВ во заеднички конзорциум со Крејон Македонија, компанија која беше спорна за опозицијата како новорегистрирана во земјата.

Според рамката, операторот Крејон Македонија ќе набавува софтверски лиценци за Владата, вклучувајќи и други државни органи, јавната администрација и едукативните институции по склучениот тригодишен договор со Генералниот секретаријат. Додека Аитоникс АД е етаблиран оператор во Македонија, за Крејон Македонија јавноста не знае речиси ништо.

Ова е убедливо „најтешката“ софтверска зделка која некогаш паднала на еден тендер, а до сега најголемите такви ги спроведуваше АД ЕСМ, Министерството за информатичко општество и администрација, Народна банка и во поново време Министерството за внатрешни работи, но никогаш сумата не надминала повеќе од 5 милиони евра. 

Времетраењето на договорот е три години, а таков е потпишан и со производителот Crayon. Владата кај производителот ќе има право на нови софтверски верзии штом бидат објавени, помош при превземањето на истите и при разрешувањето на евентуални проблеми, како и помош со предавања за корисниците и имплементирањето, а и обука за ИТ-персоналот преку ваучери. Станува збор за софтверски лиценци кои треба да опфатат десетици илјади корисници.

Опозицијата изминатото лето ја предупредуваше власта да не прави трошоци во вид на вакви набавки преку Генералниот Секретаријат за време на криза. Претходно Генералниот Секретаријат спровел постапка за истата јавна набавка која била објавена на 14.02.2020 година, а поништена подоцна по инструкции од Бирото за јавни набавки по Управен надзор. Опозицијата реагираше дека тендерот повторно е добиен на 12 дена пред спроведувањето на предвремените парламентарни избори без поднесена нова намалена цена, односно практично без е-аукција.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка