Аитоникс АД со „софтверско решение“ од 15 милиони евра за Владата и јавната администрација
Објавено во: Економија 20 Август, 2020
Аитоникс АД Скопје за 15 милиони евра преку операторот Крејон Македонија ќе набавува софтверски лиценци за Владата, вклучувајќи и други државни органи, јавната администрација и едукативните институции по склучениот тригодишен договор со Генералниот секретаријат.
Ова е убедливо „најтешката“ софтверска зделка која некогаш паднала на еден тендер, а до сега најголемите такви ги спроведуваше АД ЕСМ, Министерството за информатичко општество и администрација, Народна банка и во поново време Министерството за внатрешни работи, но никогаш сумата не надминала повеќе од 5 милиони евра. Станува збор за рекорден договор од ИТ-секторот кој го има направено оваа компанија во јавните набавки, каде што од 2012 до сега има учествувано на тендери за компјутери, хардверска, информатичка и комуникациска опрема, сервисирање, одржување, поправки и апликации.
Според податоците до кои дојдовме, Аитоникс АД Скопје во 2019 имал приходи од 580.783.401 денар и добивка од 33.495.331 денари. Добивката во однос на 2018 е помала за 31,42 отсто, односно една година претходно таа изнесувала 48.844.444 денари. Тоа се должи најмногу поради поголемите трошоци на операторот, додека приходите во 2018 биле речиси исти како и лани - 581.045.704 денари.
Сопственик и извршен член на одборот на директори е Јордан Димитровски, со кого е потпишан и договорот со Владата, додека неизвршни членови на одборот на директори се Кирил Смилевски и Марко Андонов.
Носитеот на набавката е една од најголемите компании за ИТ дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар, а делува и во Албанија, Косово и Бугарија. Друштвото е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски ИТ брендови и има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија.
Софтверските лиценци и сервиси Владата ги набавува за јавната администрација во државните и образовни органи и институции. Аитоникс на електроснака аукција го добива договорот во вредност од 899.985.272 без ДДВ, а лиценците и софтверот ќе се набавуваат од глобалниот гигант Crayon.
Времетраењето на договорот е три години, а таков ќе биде потпишан и со производителот Crayon. Владата кај производителот ќе има право на нови софтверски верзии штом бидат објавени, помош при превземањето на истите и при разрешувањето на евентуални проблеми, како и помош со предавања за корисниците и имплементирањето, а и обука за ИТ-персоналот преку ваучери.
Првата рата ќе изнесува 1,2 милиони долари. Основниот пакет вклучува cloud базирани лиценци од околу 4,23 милиони долари за 4.270 корисници, on promise лиценци од 8,45 милиони долари за 10.354 корисници, on promise лиценци базирани на претплата од 304.000 долари, Azure Monetary Commitment ваучери од 108.000 долари, EES-лиценци во едукацијата за 1,24 милиони долари, Microsoft cepвucu за 994 илјади долари и дополнителен сервис од 1,08 милиони долари.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.