Владимир Граматиков: Пуштете ги странските туристи во Македонија
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2020
Владимир Граматиков, претседателот на Туристичката комора, побара од Владата побргу да ги пушти странските туристи во земјата за да се спаси, како што вели тој, колку-толку сезоната, а во контекст на тоа и да започнат со работа хотелите и туристичките центри.
„Убава вест за туризмот! Ама за светскиот туризам. Денес Шпанија се пофали дека пристигнале првите туристи и силно работи на обновување на туризмот. Шпанија, земја која беше на врвот во кризата заедно со Италија.
А каде сме ние? Ние само ке си викаме „Има надеж„. Додека многу земји од регионот полека излегуваат од кризата и ги отвараат своите врати за туристите, ние мака мачиме да ја направиме нашата земја транзитна земја и тоа го сметаме како некој успех“, напиша Граматиков на својот профил на „Фејснбук“
Првиот човек на комората додава дека без туристи од странство, тертиот сет со економски мерки, односно доделувањето на ваучерите за домашно летување нема да ја постигнат целта.
„Жално. Во исто време кога институциите се надеваат дека домашниот туризам ке ја спаси сезоната и се иницира кампања за тој домашен туризам. Кампања која наместо да поттикне туризам ги поттикна сите креативци да се потсмеваат на социјалните мрежи. Ако ништо друго, барем не насмеаа. Да видиме што е следно“, додава Граматиков.