06 Мај, 2024
0.0242

Владини платежни картички: Бесконтакни, брендирани, со нив ќе може да се плаќаат комуналии

Објавено во: Економија 19 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Домашните банки генерално малку знаат за проектот домашна платежна картичка кој Владата го промовираше со третиот сет мерки за помош на граѓаните и на стопанството во услови на криза предизвикана од пендемијата со Ковид-19. Ден пред на бидат обелоденети мерките речиси ниту една од банките не беше консултирана и контактирана. Од нив било само побарано да се изјаснат за бројот на иматели на картички. Сепак сега станува јасно дека сметката на картичката нема да биде врзана со трансакциската сметка, туку за тоа ќе се отвора нова сметка. Фактор дознава дека програмата најверојатно ќе се води со помош на Мастеркард и картичките ќе се внесуваат во системот на картично плаќње на малите трговци во земјата. Трговците кои немаат пос терминали ќе ги добијат бесплатно. Но деталите за тоа кога ќе се изработуваат, како ќе се аплицира за картичките, советникот на премиерот, Фатмир Битиќи вчера ги најави за две до три недели кога ќе бидат донесени и посебни уредби за тоа.

Фактор разговараше со дел од банкарите, но повеќето креваат раменици и велат дека не се доволно информирани за проектот. Потенцираат дека дел од граѓаните сепак малку користат картички, а има група на граѓани кои и покрај тоа што ги поседуваат, со нив воопшто не плаќаат на пос терминали. Токму поради тоа не се баш сигурни како успешно би се реализирал овој проект.

„Платежните картички ќе бидат за македонски производи и услуги. Седнувањето во угостителски објект е наша услуга, македонска. За производите се согледуваат технички решенија, дали ќе можат софтверски да се евидентираат само македонските производи и со таа картичка на посебен пост терминал да се плаќаат. Во моментот кога граѓаните ќе ги добијат платежните картички, а секако ќе бидат лимитирани за кои сектори можат да се користат, тоа е системско, софтверско решение, ќе бидат дополнително известени за начинот. Сакаме да овозможиме средствата што ги даваме навистина да ја покренат економијата која во овој момент е најпогодена и да се свртиме еднаш засекогаш кон дома. Во наредните две до три недели ќе се знае целата процедура, рече вчера Битиќи.

Платежните картички Владата ќе ги доделува на невработени, на приматели на социјална помош, на лица со примања до 15.000 денари и на средношколци и студенти. На нив и докторите ќе го добијат покачувањето од 20 отсто. 

Инаку картичките, според планот и нашите информации, ќе бидат бренидирани со различни дизајни. Ќе се користат во маркети за домашни производи, во угостителски објекти, во фризерници и кај сите услужни дејности. Картичките ќе бидат бесконтактни и ќе можат да се користат и за он лајн нарачки од домашни трговци. Со нив дури ќе може да се плаќа струја, вода и други комуналии. Но нема да може да се подигнува готовина.

Преку воведување на платежни картички вредни 9.000 денари за околу 100 илјади граѓани ја стимулираме понудата на домашни производи и услуги со директна парична поддршка од државата, преку потрошувачката на граѓаните.

Корисници на платежната картичка може да бидат невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 денари месечни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

Владата ќе додели и ваучер вреден 6.000 денари за користење во домашните хотели и други сместувачки капацитети, а граѓаните ќе добијат и платежна картичка од 3.000 денари за купување на домашни производи и услуги.

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи. Тоа значи дека без разлика на месечните примања на едно домаќинство, членовите од семејството кои имаат лични примања под 15.000 денари месечно можат да бидат корисници на домашниот туристички ваучер и платежната картичка. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

Картички ќе добијат и студентите и средношколците. Предвидена е парична поддршка за млади дo 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Потоа, платежна домашна картичка од 3.000 денари за домашни производи и услуги за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и средношколскиот стандард.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години