03 Мај, 2024
0.0261

Владините домашни платежни картички ќе задоцнат две недели

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Домашните платежни картички ќе задоцнат - наместо да ги издадат на 3 јули, банките ќе имаат рок да ги направат до 18 јули. Пролонгирањето на рокот е на барање на банкарите кои имале потреба од дополнително време за да ги издадат картичките. На вчерашната владина седница сменета е и Уредбата за помош на граѓаните со издавање на картичките а со измените сменет е рокот за издавањето. 

Банкарите за Фактор велат дека се подготвени во тој период да ги направат сите потребни работи за картичките. Како што веќе информиравме државата се уште нема конечна листа со луѓе кои ги исполнуваат условите и коуи треба да ја добијат картичката. Листите ги подготвуваат Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, како и Министерството за труд и социјална политика. 

Наскоро, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач, соопшти Владата. Сепак оваа страница уште не е активна, а прес конференцијата на министерката за финансии Нина Ангеловска која беше закажана за денеска е откажана за подоцна без конкретен термин. 

Дел од банките известуваат за новата услуга. Од УНИ банка соопштија дека доколку по проверката, утврдите дека банка издавач на Вашата домашна платежна картичка е УНИБанка тие ќе се издавата од 18 јули во сите експозитури.

Картичките ќе бидат распределени по експозитури согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка доставен од страна на Владата на РСМ; За малолотно лице, корисник на домашна платежна картичка, кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател и носење на документ - извод од матична книга на родени, стои во известувањето. 

Фактор веќе објави дека нејвареојатно само девет банки ќе издаваат картички. Ако евентуално некој поединец кој исполнува услови за да добие ваква картичка има трансакциска сметка во банка која нема да учествува во овој проект, картичката ќе ја добие од друга банка за што и ќе биде известен. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски