05 Мај, 2024
0.0328

ВЛАСТА, ГАЗДИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ УШТЕ ГИ ПЕГЛААТ СТАВОВИТЕ - како ќе изгледа новото законско решение за недела неработен ден

Објавено во: Економија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Претставници на власта, работниците и работодавачите кои членуваат во Економско социјалниот совет вчера имале бурна дебата околу законското решение за прогласување на неделата како неработен ден.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека советот вчера имал седница, со која претседавала министеркта Јагода Шахпаска, на која се дискутирало за драфт верзијата на измените на Законот за работни односи, кои предвидуваат денот недела да биде неработен ден.

Оттаму велат дека откако го подготвиле предлог законот, следувала интензивна дебата со работниците, но и со работодавачите.

„Дебатата што се одвиваше изминатиот период навистина беше опсежна и дава значаен придонес во подготовката на конечното законско решение, преку кое ќе се овозможи денот недела да биде неработен ден. Идејата на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е да создадат услови поголемиот дел од работниците да можат денот недела да го поминуваат со семејството, како основна клетка на едно функционално општество“, нагласила министерката Шахпаска.

Таа објаснила дека законското решение мора да биде конципирано на тој начин за да обезбеди ефикасно функционирање на системот, при што оние работници кои работат во дејности кои не се неопходни да работат во континуитет, во недела да не работат.

„Во центарот на вниманието нас ни се работниците. Но, исклучоци мора да има и затоа сме претпазливи затоа што не смееме виталните функции на државата да ги ограничиме“, објасни министерката Шахпаска.

Претставниците на работодавачите и на работниците ги изнеле своите ставови околу законското решение, за кое, како што нагласиле, е добро што има широка општествена дебата.

На седницата на ЕСС, иако се членови,  не присуствувале претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). 

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години