03 Мај, 2024
0.0250

Вложувај балансирано со Стопанска Банка а.д.Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Следејќи ги динамичните финансиски трендови, Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје креираа нов комбиниран производ – Инвестициски депозит во кои ги интегрираа сигурноста и инвестициите.  Инвестицискиот депозит е прв производ од овој тип на пазарот кој е креиран за да излезе во пресрет и да ги задоволи специфичните потребите на потрошувачите и воедно да понуди дополнителна вредност на нивната инвестиција. Во услови кога финансискиот пазар се соочува со  намалување на каматните стапки на депозитите, Инвестицискиот депозит на Стопанска банка а.д. Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје кој претставува комбинација од депозит и вложување во инвестициски фонд им нуди единствена, премиум каматна стапка на клиентите.

Максималниот износ на овој депозит е 10.000 евра или соодветна денарска противвредност, а рокот на орочување е 36 месеци со најконкурентна фиксна каматна стапка од 3,5% на годишно ниво за денарски депозити или 2,4% за депозити во евро валута (фиксна каматна стапка на влогот на банката +1% годишно бонус на камата на депонираниот влог). Половина од средствата клиентот ги орочува во Банката како депозит, а со другата половина од средствата купува удели во фондот Генерали Топ Брендови, кој е управуван од страна на Друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс АД Скопје.

,, Соработката на два големи, силни и препознатливи брендови како што се Стопанска банка а.д. Битола која на пазарот постои и успешно работи повеќе од 70 години и Генерали Инвестментс АД Скопје како докажан лидер во обезбедувањето на професионални услуги за управување со средства носи новитет и свежина на финансискиот пазар во земјава и  нуди сигурност, избор и пред се значајни предности и добивка за оние кои сакаат да ги инвестираат своите средства’’ – велат од Стопанска банка а.д. Битола

Генерали Топ Брендови е глобално ориентиран фонд со акцент на “Blue Chip” компании. Фондот инвестира во акции на компании кои управуваат со најсилните брендови во светот. Ова е вистински избор за вложувачи кои преферираат стабилен и сигурен раст на сопствениот влог. Неговата суштина е во флексибилноста, што значи приспособување кон условите на пазарот. Генерали Топ Брендови е комбинација од сигурност и профитабилност.

Вложувај балансирано со Стопанска Банка а.д.Битола и Генерали Инвестментс АД Скопје!

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија