ВМРО-ДПМНЕ: Безбедноста на граѓаните е загрозена
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека СДСМ ја загрози безбедноста на граѓаните со амнестија на над 2.000 затвореници, меѓу кои има и осуденици за тешки кривични дела.
Од партијата потенцираа дека дел од амнестираните за неполни 24 часа повторно се вратиле на криминалот, а жртви биле невини граѓани.
„Нападнати се жени и мажи, разбојништва и кражби се вршени врз млади и врз стари. Жртвите се множат, а МВР не успева да ги заштити граѓаните,“ се вели во партиското соопштение.
Богдан, Чавков, Мукоски, Жаклина, Дурловски, Дамовски и сите други кои се наоѓаат во притвор само бидејќи ја сакаат својата држава мора да бидат ослободени, а обвинителството мора да престане да извршува партиски директиви на Зоран Заев и СДСМ и да почне да работи во интерест на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека предупредувале уште во време на предизборната кампања дека СДСМ прави предизборна коалиција со криминалните структури во државата и дека партијата ќе мора да им се оддолжи за поддршката за локалните и предвремените парламентарни избори.